15 починати од Ковид 19 во последните 24 часа, регистрирани нови 1081 случаи

Во последните 24 часа се направени 6.802 тестирањa, а регистрирани се 1.081 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 314

• Гостивар – 187

• Тетово – 160

• Куманово – 84

• Струмица – 60

• Кичево – 47

• Охрид – 38

• Дебар – 30

• Струга – 27

• Прилеп – 25

• Битола – 20

• Штип и Ресен – по 12

• Радовиш – 11

• Велес и Кочани – по 9

• Берово и Виница – по 6

• Кратово – 5

• Кавадарци и Свети Николе – по 4

• Пробиштип – 3

• Неготино и Пехчево – по 2

• Делчево, Валандово, Крушево и Македонски Брод – по 1

Пријавени се 15 починати лица: по 3 починати лица од Скопје (37г,43г и 49г), Куманово (46г,55г и 63г), Тетово (60г,65г и 79г) и Гостивар (53г,69г и 77г) и по едно лице од Струмица (52г), Струга (43г) и Кичево (77г). Сите пријавени починати лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 91 оздравени пациент од:

• Скопје – 35

• Гостивар – 12

• Тетово – 9

• Кичево и Дебар – по 8

• Куманово и Струмица – по 5

• Прилеп и Радовиш – по 2

• Битола, Кавадарци, Штип, Ресен и Крива Паланка – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.079.818 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 164.529 бројката на оздравени пациенти е 151.235, на починати е 5.589, а бројот на активни случаи изнесува 7.705.

]]>

Најчитани вести