2 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2.216 тестирања, а регистрирани се 2 нови случаи на КОВИД-19 од Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Денеска не се регистрирани оздравени пациенти, ниту пак починати лица од последици од коронавирус.

Досега во земјата се направени вкупно 879.339 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.684, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 223.

]]>

Најчитани вести