Познатиот „град на гревот“, Лас Вегас, добива ново архитектонско чудо – најголемата „MSG“ „топка“ вредна 2,3 милијарди долари.
Изградбата на салата траела 4 години и чинела 2,3 милијарди долари. Фасадата е направена од 1,2 милиони ЛЕД екрани. Многумина кои поминале покрај оваа сала велат дека се чувствувале како да слетал вселенски брод.
Ова архитектонско-визуелно чудо прикажува различни анимации, видеа од годишните времиња и оние посветени на разни прослави како американското знаме за 4 јули или сцени од Ноќта на вештерките.
Најсилен впечаток оставила анимацијата на кошарката по повод летната НБА лига која е планирана за 2024 година.
Сепак, на луѓето не им се допадна прикажувањето на џиновското око бидејќи ги исплаши.
Оваа голема сала првенствено е направена за музички и спортски настани. Висока е речиси 112 метри и има 30 ката, а официјално ќе биде отворена на 29 септември со концерт на ирскиот бенд U2. Потоа во исто толку денови ќе бидат изведени 25 концерти.


