230 санкции за брзо возење

Министарството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден санкционирани се 230 возачи за брзо возење.

Како што соопштија акциската контрола е спроведена на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 230 возачи. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 123 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 107 надвор од населено место.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, апелираа од Министерството.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести