Мачките се омилени домашни миленици низ целиот свет, а многумина ги посвојуваат или ги добиваат како подарок. Сепак, постојат одредени раси кои имаат висока цена, честопати поради нивната егзотична природа, реткост или посебни карактеристики.
Ако сте љубител на мачки и сакате да ги имате најскапите видови, подгответе се за сериозен трошок.
Ова се трите најскапи раси на мачки во светот, кои сигурно ќе ве изненадат со нивната цена.
Ашера

Цената на оваа егзотична мачка може да достигне до 100.000 евра. Одгледана е од азиски леопарди, поголема е од обичните мачки, може да порасне до еден и пол метар и тежи 12-15 килограми. Поради нивната реткост, само 100 од овие мачки биле продадени до 2006 година.
Савана

Оваа највисока мачка во светот чини од 6.000 до 30.000 евра. Поради ниската плодност, таа е забранета во некои делови од светот, вклучително и дел од САД. Мажјаците од оваа раса не се плодни после шест генерации.
Бенгалска мачка

Цената на оваа популарна мачка варира од 8.000 до 21.000 евра. Позната е по својата мускулеста градба и шари што потсетуваат на див предатор. Интересно е што е забранета во Њујорк, Сиетл и на Хаваи.


