Голманот на Стоук, Асмир Беговиќ, постигна бизарен гол уште во 14 секунда од натпреварот против Саутемптон.
Репрезентативецот на Босна, на самиот почеток на натпреварот од својот шеснаесетник силно ја шутна топката, исфрлајќи ја кон противничкиот гол, а таа го излажа голманот на Саутемптон, Артур Боруц.
– Навистина ми беше жал за Боруц. Голманот во тие моменти се чувствува непријатно и заради тоа не сакав да го прославувам голот. Ветрот е крив за голот, тешко беше да се предвиди каде ќе оди топката – рече Беговиќ.
– Ветрот е крив! Жал ми е за соиграчите, но ветувам дека овие изгубени два бода ќе им ги надокнадам – рече полскиот голман.


