Лејди Гага целосно го оправда својот долгогодишнен прекар Мајка на чудовиштата, откако на доделувањето на наградите „You Tube Music Awards“ во Њујорк се појавила со навлаки на забите, со кои наликувала на некој канибал од 15-ти век.
Иако изгледала како да излегла од некој хорор филм, сепак таа сосема нормално одела на црвениот тепих, додека сите околу неа шокираше гледале во ужасната сцена.
Со овој костим Гага позирала за насловот на својот нов сингл „Dope“, што беше промовиран на овој престижен настан. Со грозоморната фотографија, одел и напис „Само под надзор на родителите“, што е сосема разбирливо, бидејќи голем број на мајки и татковци ако нивните деца не се добри, можат да ги плашат со Лејди Гага.


