Во Прилеп пуштена во употреба вештачка карпа за искачување

Директорот на Агенцијата за спорт и млади Александар Пујовски заедно со градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески, денеска ја промовираа новата вештачка карпа за „болдеринг“ во гимназијата Мирче Ацев.

Оваа вештачка карпа е одлична можност за развивање на алтернативните спортови во Прилеп, како и можност плус за младите генерации да се насочат на правилен раст и развој преку спортските активности, и да се посветат на здрав живот со натпреварувачки дух.

Карпата ја обезбеди ПСК „Златоврв” во соработка со Локалната самоуправа, со поддршка од Агенцијата за спорт и млади и Македонската федерација за спортска искачување од која произлезе и спортско клуб „Златоврв’’.

Најнови вести

Најново од Македонија, Спорт

Најчитани вести