СДСМ: ММФ ги разби лагите на Мицкоски за „третата“ економија – македонската економија расте побавно дури и од Косово

Македонската економија ќе расте побавно од економиите во регионот во следните пет години, дури и Косово е пред нас.

Меѓународниот монетарен фонд ги разби лагите и пропагандата на Мицкоски за некаква „трета“ економија во Европа.

Според ММФ – во следните пет години македонската економија во просек ќе расте само 3 проценти.

Пред Македонија се Албанија со 3,19 проценти, Србија со 3,5 проценти, Молдавија, Украина, Косово со 3,95 проценти.

Ова е реалноста и вистината.  Сè друго беа политички лаги. Впрочем граѓаните тоа најдобро го знаат и го чувствуваат со своите празни паричници и празни фрижидери.

Мицкоски со лаги дојде на власт, со лаги владее. Ветуваше дека економијата ќе биде „тигар“, ветуваше „инвестициски бум“, ветуваше подобар животен стандард. Ништо не исполни.

Две години подоцна, резултатите се поразителни, а цената ја плаќаат граѓаните – со празни џебови и сè потежок живот.

По две години власт на ВМРО-ДПМНЕ, економските показатели се катастрофални.

Странските директни инвестиции во 2025 година паднаа за 61% – еден од најлошите резултати во регионот.

Индустриското производство во мај падна за 2%.

Бројот на работници во индустријата е намален за 2,6% во мај годинава споредено со истиот период лани.

Граѓаните живеат крпен живот – потрошувачката кошничка е скоро 70.000 денари само за основни трошоци.

Пензискиот фонд е во катастрофална состојба, дупката продлабочена за 40%, а власта го загрози и вториот пензиски фонд – оваа Влада ја доведе во ризик исплатат не само на сегашните, туку и на идните пензионери.

Буџетот е празен, нема пари.

На средина од годината го истрошија целиот дефицит.

Единствено нешто во што оваа Влада е успешна – се задолжувањата. Таму им нема конкуренција – за две години направија нов долг од 2,5 милијарди евра.

Јавниот долг се искачи на скоро 11 милијарди евра – пари од кои ништо нема за граѓаните, има само за криминалните партиски тендери на ВМРО.

Мицкоски сам си се разобличи и со ребаланост – тој е јасно признание за промашени политики, за тотален колапс.

Се кратат пари токму таму каде што се создава економска вредност, кај поддршката на компаниите, младите, социјално ранливите граѓани и друго.

Само не се крати од луксузот на власта.

Со коригираната инфлација од 4,5%, власта признава дека граѓаните ги чека уште поскап и потежок живот.

Домашното задолжување неконтролирано расте и со ова темпо до крајот на годината јавниот долг ќе надмине 61,5% од БДП.

Со Мицкоски и неговата расипничка Влада, Македонија ризикува да остане на дното, не затоа што нема потенцијал, туку затоа што оваа власт ниту има развојна стратегија, ниту сака да им помогне на граѓаните.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Најчитани вести