Бобо „Без пардон“: Мене судија, Вам Господ ќе ви суди, ме наместивте!

Ми пресудија без никакви докази, само врз основа на усмени обвинувања, вели за Либертас Бобан Насев, сопственик на порталот „Без пардон“, кому штипскиот суд пред неколку дена му одреди казна затвор од 4,5 години за измама. Тој од притворското одделение на затворот во Прилеп вели дека е наместен, а тие што го сториле тоа се гревчиња, на кои Господ ќе им суди.

-Не се бричам додека Апелација не го врати случајот на повторно судење и не ја укине абнормалната казна за која нема ниту еден материјален доказ туку само усмени изјави дека сум им земал пари. Натурализираните вмровски директорчиња од Штип редеа пријави за клевета. Бев луди Милојко и ќе останам. „Комуникација“ и „Без пардон“ ќе работат и без мене- вели Насев.

Најнови вести

Најново од Македонија, Топ Вести

Најчитани вести