Првите деца во семејството се поинтелигентни

Родителите сметаат дека нивните најстари деца се најодговорни, а причината е во правилата на воспитување, кои што се построги за најголемите деца.

Едно истражување покажало дека 33,8% од  мајките сметаат дека нивното најстаро дете е едно од подобрите ученици во училиштето.

Според резултатите од истражувањето, најстарите деца навистина имаат подобри оцени и резултати на училиште.

Родителите одговориле дека ако најмалото дете во семејството донесе „слабa” оцена, веројатно не би го казниле. Веројатно помладите деца не се под толкав притисок да успеат, колку што се најстарите деца од семејството.

Причината за тоа што мајките и татковците се поопуштени при воспитувањето на помалите деца, е тоа што се обично премногу исцрпени да ги казнуваат секој пат кога ќе направат нешто што не треба.

Најнови вести

Најново од Магазин