(ВИДЕО) Никогаш не е доцна: По 80 години поминати во брак конечно се венчале и пред Бога

Брачен пар од Парагвај конечно доживеа и да се венча по 80 години поминати заедно.

Младоженецот на 103 години се ожени со својата 99 годишна сопатничка на мала свадбена церемонија во нивниот дом, на која присуствуваа најблиските.

Тие долго време се во брак, но никогаш не се венчале во црква, па откако нивните деца од нив побарале да стапат во брак и пред Господ, бабата и дедото на многу внуци и паравнуци се согласиле.