Кате мори Кате: Старлетата од Зелениково oбјасни дека Џејмс Дин и Мерилин Монро биле порно глумци!

Хит старлетата од скопско Зелениково Катерина Стојановска, која неделава го изнасмеа цел Балкан со изјавата дека добила понуда да оди во Холивуд да снима со Џејмс Дин и Марлон Брандо, и дека на Фејсбук се допишува со Мерилин Монро, вечерва по десет дена молк објасни што сакала да каже.

Кате тврди дека понудата била за снимање порно филм, а дека глумците кои ги спомнала се порно актери кои ги позајмиле имињата на починатите славни глумци.

– Леле, цела недела не сум излегла од дома, хаос настана, ми преседна и популарност и се – вели старлетата за Либертас.

Понудата  ја одбила, оти не сака да биде порно, туку вистинска глумица. Епизодата со изјавата што преку ноќ ја направи славна, сакала што побрзо да ја заборави, a на кој Џејмс Дин мислела прочитајте на Википедија на следниот линк.

ИЗВОР: Либертас

Најчитани вести