(ВИДЕО) Цртан филм за Никола Тесла: Надреална приказна за враќање на надежта во соништата

Белградското студио „Рингишпил“ објави аукција на Кикстартер за донации на средства за довршување на цртаниот филм за Никола Тесла.

Цртаниот филм насловен „Tesla & The Lampligter“ е при крај, а преостанува уште процесот на продукција кој е многу скап.

Студиото досега собрало помалку од 13.000 долари донации, а за завршување на филмот му се потребни 15.000 долари.

„Рингишпил“ на Јутјуб објави и кус трејлер за овој анимиран филм, кој е опишан како „волшебна надреална приказна за враќањето на надежда во соништата“.

На филмот веќе две години работи тим под раководството на режисерот Бранислав Бркиќ.

Најчитани вести