Дамите се разликуваат според тоа на кои фори паѓаат, кај некои многу бргу делуваат вообичаените заводнички прикаски, а други се како вистинска неосвоива тврдина. Доколку се прашувате дали мажите на вас гледаат како на лесен плен или пак како на неосвоива тврдина, дојде време да го откриете својот заводнички статус. Ако сте еден од овие типови на жена, бидете сигурни дека сте многу лесен плен за заводниците.
1. Често сте депресивни
Константната депресија знае толку да ја загуши жената што таа едноставно не е способна трезвено да размислува. Штом нaиде некој фраер кој ќе и пружи малку внимание, се фаќа за него како за сламка на спасот. Големите заводници го знаат ова па ја користат моменталната ситуација на „дамите во невоља“.
2. Сакате да им удоволувате на другите
Ако сте една од овие жени, тоа значи дека сте воедно и лесна мета за заводниците. Вие повеќе мислите на туѓите отколку на сопствените птреби и паѓате на правата фора која ќе излета од усните на мажот, лесно се врзувате за него и правите се што сака, а кога ќе му здосадите и ќе почне да бега од вас, му дозволувате да ве гази само за повторно да ја придобиете неговата љубов.
3. Имате бујна фантазија
Девојките со бујна фантазија се исто така лесна мета. Нивната способност да замислат „брда и долини“ кои некој маж им ги ветува многу лесно може да ги вовлече во проблем доклку тие ветувања немаат врска со реалноста. А најчесто е така, со оглед на тоа дека за искусните играчи ветувањето на кули и градови е еден од посигурните начини на ловење лесен плен.
4. Сексот е вашиот кец во ракавот
Доколку го користите креветот како начин за наоѓање љубов, на погрешен пат сте. Стапувањето во сексуални односи пред барем два пати да испиете пијачка, секако ве сврстува во лесни женски. На тој начин сигурно нема да најдете дечко.
извор: Телеграф.рс





