Субрата ќе се вози во „бентли“ низ Македонија

Сахара груп, компанијата на Субрата Рој од салонот на Порше во Скопје го купи најскапиот автомобил во Македонија, објавува утрешното издание на дневниот весник Вест.

Според информациите на весникот, за автомобилот марка „бентли“, биле платени половина милион евра.
Во него се очекува да се вози сопственикот на Сахара Груп, индискиот бизнисмен Субрата Рој.
Најверојатно станува збор за луксузниот и моќен автомобил „бентли мулсан“ (Bentley MULSANNE) кој пред само неколку дена пристигна во салонот на „Порше Македонија“.
По своите беспрекорни перформанси овој модел на „бентли“ може да се спореди со моќноста на авионите, додека по луксузот и удобноста го споредуваат со јахта.

Најчитани вести