Старлетата Кате: Зоки Фаци ми го уништи животот

– Зоки од “Фаци“ ми го уништи животот. Рани куче да те лае! Ми вика дека ме направил славна, а заборава кога го честев ручеци по кафеани, кога го носев во шопинг. Тој заработува на мене, емисијата со мене му е најгледана – вака старлетата Катерина Стојановска во интервју за магазинот „Свет“ го нападна Зоран Василевски.

Токму во емисијата „Фаци“ на водителот Зоран Василевски беше кажана веќе легендарната изјава на Катерина дека комуницира со Мерилин Монро и дека ќе снима филм со Џејмс Дин и Марлон Брандо, која подоцна се дообјаснуваше дека се работело за порно актери со имиња на холивудските легенди. Старлетата останала гневна што станала славна на таков начин.

Василевски, пак, за „Република“ вели дека Катерина е таа што сакала да биде позната и целта е постигната, но не се сеќава дека некогаш го одвела на ручек, уште помалку на шопинг.

– Не сум сигурен дека се тоа нејзини зборови, можеби некој друг замешал прсти. Јас секогаш ги почитувам сите изјави и мислења. Катерина мора да признае дека никогаш не сум ја нарекол глупава, напротив, сметам дека е многу интелигентна. Сепак, повеќе не е важно кој што ќе каже, Катерина ја знае цела Македонија. Целта е постигната – вели Зоки за „Република“.

Извор: Либертас.мк

Најчитани вести