Доказ дека камерите што Русите ги вградуваат на контролните плочи на своите автомобили, не снимаат само насилство, дивеење и несреќи, е и видеото за кусо време на интернет го видели над пет милиони луѓе.
Петминутниот видео запси со едноставен наслов „Добри луѓе“ претставува компилација на снимки од автомобилски камери и на него се прикажани добри дела на руските возачи.
Многумина кои го виделе видеото во коментарите признаваат дека се расплакале и дека тоa им ја „вратило вербата во човечкот род“.


