Седум балканци се кандидати за наградата најдобар светски играч за 2013-та година, во избор на престижниот ракометен веб портал Handball-Planet.com
Меѓу номинираните се тројца Хрвати Иван Чупиќ , Игор Вори и Домагој Дувњак, нашиот Кирил Лазаров , Словенецот Урош Зорман, и играчите родени во Србија, Никола Карабатиќ (репрезентативец на Франција) и Арпад Штербик (Шпанија).
Номинирани по позиции во тимот се: Никлас Ландин , Арпад Штербик , Јоханес Битер (голмани), Гудјон Валур Сигурдсон, Андерс Егерт , Уве Геншајмер (лево крило) , Сергеј Рутенка , Микел Хансен , Филип Јиха (лев бек), Домагој Дувњак, Никола Карабатиќ, Урош Зорман (среден бек), Ласло Наѓ, Кирил Лазаров , Хорхе Македа (десен бек), Иван Чупиќ, Виктор Томас, Ханс Линдберг (десен бек), Хулен Агинагалде, Игор Вори и Јеспер Нодесбо (пивот).
Најдобриот ракометар и тимот за 2013-та ќе биде објавен на втори декември оваа година. Титулата најдобар играч на планетата за 2012-та ја брани ракометарот на Кил, Филип Јиха.
Изборот на најдобрите светски ракометари ќе го направат 11 членови на жирито, по еден тренер од Шпанија, Германија, Франција, Србија , Ирска, Аргентина , Унгарија, Полска, Данска , Словенија и Македонија , како и читателите на порталот.


