Непоразените го отвораат 7.коло во македонскиот кошаркарски шампионат

Со натпреварот на досега двете непоразени екипи, Работнички и Лирија денеска од 17 часот и 30 минути во „Градски Парк“ во Скопје ќе започне седмата рунда од Првата кошаркарска лига на Македонија.

Другите три средби од овој круг се закажани за утре. Во Скопје во СРЦ „Кале“ од 18 часот Вардар Апаве е домаќин на Кожув.
Истиот термин (18 часот) е предвиден и за почетокот на средбата во „Јасмин“ во Кавадарци каде Фени Индустри ќе ја „брка“ првата победа против Пелистер Спорт кој исто така нема остварено позитивен резултат сезонава.
Еден час подоцна во Куманово, истоимената екипа ќе игра со Карпош Соколи и со овој натпревар ќе биде заокружен седмиот круг.

Слободна во ова коло е Струмица која вчера одигра натпревар надвор од конкуренција со Македонија Млади и победи со 93:86.

Табела: Лирија 5-0 (победи-порази), Работнички 5-0, Кожув 4-1, Куманово 4-1, Струмица 3-3, Вардар Апаве 2-4, Карпош Соколи 1-4, Фени Индустри 0-5, Пелистер Спорт 0-6.

Најчитани вести