Почна продажбата на влезници за Вардар-Металург, останаа уште местата зад голот

Денеска стартуваше продажбата на влезниците за натпреварот на РК Вардар со РК Металург, кој ќе се одигра на 24. ноември 2013 (недела) во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток во 18:00 часот. Влезниците се достапни во продажната мрежа на МКтикетс. Поради огромниот интерес, билетите се продаваат со огромна брзина и во моментов има влезници само за местата позади голот.

Во продажба се пуштени два вида влезници и тоа:

  • Влезници од 150 денари (Блок: Б4, Б5, Б6, Б7, Б8, Б9,Б10, Б11, Б12, Б15) и
  • Влезници од 250 денари (Блок: М1, М2, М3, М4, М7, М8, М9, М15).

Двата вида влезници за натпреварот РК Вардар – РК Металург, можете да ги купите во продажната мрежа на МКтикетс: Продажните салони на One низ Македонија (Скопје: Рамстор, ТЦ Бисер, ГТЦ, Веро Центар, Скопје Сити Мол;Куманово; Тетово; Гостивар;Битола 01; Охрид; Струга; Неготино; Кавадарци; Прилеп; Штип; Велес; Кочани; Струмица;Гевгелија).Про-дажните салони на Office Plus во Скопје: Ramstore, Skopje City Mall, ГТЦ, Бисер. Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат), GoGi Драчево

Најчитани вести