(ВИДЕО) Убавица а нема вагина: На 17 години разбрав дека не можам да имам секс

Тинејџерката Џеки Бек (19) има многу редок синдром кој влијае на репродуктивниот систем, па така таа е нормална и здрава девокја која нема матка и вагиналниот канал. Така таа наместо репродуктивни органи, има само отвор, кои однадвор изгледа вообичаено, но внатре нема ништо.

bez_vagina2

Оваа дијагноза на Џеки ѝ е поставена на само 17 години, откако отишла на лекар поради болки во грбот. Тогаш таа спомнала дека се уште нема добиено прва менструација, па покрај останатите проверки, лекарот ја испратил и на гинеколог.

Од направените тестови се открило дека на местото каде што треба да има вагина, таа има само „дупка“ што значи дека таа не може да има секс ниту да остане бремена.

bez_vagina1

Жените со вакво нарушување однадвор изгледат нормално и не можат да го отркријата својот проблем се додека не се обидат да имаат секс, или додека не се посомневаат во немањето на менструација.

bezvagina4

-Никогаш не помислив дека сум различна од другите, а зборовите на лекарот едноставно ме шокираа, бев сигурна дека е направена некоја грешка во проценката. Но, кога ми ги објасни сите детали поврзани со ова нарушување – сè започна да има некаква смисла, вели Џеки, која признава дека во тие моменти се почувствувала како „наказа“.

-Кога имав 14 години, сите мои другарки почнаа да зборуваат за тоа како добиле прва менструација и имале болки во стомакот или грчеви. Започнаа постојано да носат тампони, да се жалат на стомачни болки и да коментираат за сè што е поврзано со крварењето. Година дена чекав и јас да се најдам во иста ситуација, но кога наполнивме 15 години, сите веќе имаа добиено, освен јас. Не паничев, мислев дека тоа е затоа што сум висока и слаба, признава девојчето, кое се обидува да мисли позитивно, и покрај ретката болест .

bezvagina6

Џеки признава и дека по посетата на лекарот, се вратила дома плачејќи, затоа што не се чувствувала како жена.

За љубовта,  Џеки вели: Одлуката да немам момче до откривањето на нарушувањето беше моја, затоа што никогаш едноставно не ми се допадна ниту еден од мојата средина.

Од МРКХ – официјалното име на ваквото нарушување, страда една од 5.000 жени во Велика Британија, а Џеки е првата девојка која  имаше храброст да зборува јавно за ова нарушување.

bezvagina3

И покрај оваа вест, Џеки се обидува да живее нормален живот,  и да го бара човекот на својот живот во свој начин.

– Јас сум заколнат романтичар и на својот проблем гледам како на тест кој човекот кој ќе влезе во мојот живот мора да го положи. Оној кој ќе остане покрај мене откако ќе дознае која сум, тој е вистинскиот, вели таа.

Денес оваа девојка оди на третмани за проширување, преку кои се обидува да го прошири својот канал за да може еден ден да има сексуални односи. Ако тоа не ѝ успее, ќе мора да оди на операција за проширување на интимниот отвор.

Преку она што минувала откако дознала за своето нарушување, до денеска знаеле само нејзините најблиски. Сепак, Џеки неодамна одлучила да ја сподели својата приказна прво со своите пријатели на Фејсбук, а потоа и со остатокот од светот.

– Сега кога конечно кажав, ме изненади фактото колку луѓето се позитивни. Ме храбрат постојано и ми велат колку сум убава. Жалам што на ја споделив својата приказна со јавноста порано. Со ова сакам да им помогнам и на другите девојки кои се родени со МРКХ – заклучува Џеки.

Најчитани вести