Само Исланд и Хрватска одиграа нерешено во баражите

Единствениот нерешен резултат од баражите од европската зона се одигра синоќа во Рејкјавик меѓу Исланд и Хрватска. Ова воедно беше и единствениот натпревар на кој немаше голови – 0:0.

Најмногу голови беа постигнати на дуелот во Атина, каде Грција ја победи Романија со 3:1. Головите за Грција ги постигнаа Константинос Митроглу (два) и Димитриос Салпингидис, додека стрелец за Романија беше Богдан Станку. Португалија во Лисабон ја победи Шведска во „дербито на баражите“. Стрелец на голот беше Кристијано Роналдо во 82.минута.

Украина обезбеди солидна предност во дуелот со Франција откако на домашен терен славеше победа од 2:0 со головите на Роман Зозуља и Андри Јермоленко (пенал). Ова беше прва победа на Украина над „триколорите“. Реванш натпреварите се играат на 19.ноември (вторник).

Најчитани вести