Чудо: Ликот на Коце Трајановски се појави на исечено дрво во Центар

Чудата со појавување ликови на стебла продолжуваат да ја потресуваат Македонија. Овојпат не станува збор за Свети Никола, туку за скопскиот градоначачник Коце Трајановски, чиј лик се појави на исечено дрво во Центар.

Настанот привлече голем број граѓани, жители на Центар и околните населби и верници од целата Република, кои спонтано со автобуси дојдоа на лице место да го допрат ликот на Коце за среќа и благослов.

– Ова сигурно нешто значи. Коце како да сака да ни испрати порака дека неговото дело е врежано во секој македонски трупец. Радосен сум и ме обзема некоја божествена спокојност што имаме ваков градоначалник. Со него и звукот на пилите е како небесна музика – рече еден од верниците кои со посебна вдахновеност гледаа во ликот на Коце.

ИЗВОР: Коза ностра

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести