Кошаркарите на поранешниот македонски шампион Фени Индустри ја остварија првата победа во првенството од Првата лига откако синоќа пред своите навивачи во Кавадарци во дуел од 7.коло го победија Пелистер Спорт со 94:88.
На другите натпревари кои се одиграа синоќа од оваа рунда Куманово на домашен терен го победи тимот на Карпош Соколи со 81:72, додека во СРЦ „Кале“ во Скопје, Кожув ја постигна единствената гостинска победа и беше убедлив против Вардар Апаве со 81:59.
Во петокот во дербито Работнички ја совлада Лирија 87:71.
Табела: Работнички 6-0 (победи-порази), Кожув 5-1, Лирија 5-1, Куманово 5-1, Струмица 3-3, Карпош Соколи 2-5, Вардар Апаве 2-5, Фени Индустри 1-5, Пелистер Спорт 0-6.


