Болт и Фрејзер – Прајс најдобри атлетичари за 2013 година

Атлетичарите од Јамајка Усеин Болт и Шели Ен Фрајзер – Прајс се прогласени за најдобари за 2013 година во двете конкуренции.

Усеин Болт ова признание од Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) го добива петта година по ред. Болт на Светското првенство оваа година во Москва освои три златни медали (100 метри, 200 метри и 4 х 100 метри).

Неговата сонародничка Фрајзер – Прајс наградата ја добива за првпат. Таа на СП во Москва го одбрани златниот медал на 100 метри, а триумфираше и на 200 метри и беше дел од штафетата 4 х 100 метри.

Болт за конкуренти ги имаше Британецот Мо Фарах и Бодан Бондаренко од Украина, додека на Фрејзер – Прајс конкурентки и беа Валери Адамс од Нов Зеланд и Зузана Хејнова од Чешка.

Најчитани вести