Нова пол позиција за Себастијан Фетел

Светскиот шампион во формула 1 Себастијан Фетел од Ред Бул ја продолжи својата доминација. Тој денеска во трката за Големата награда на САД што ќе се вози на патеката во Остин ќе стартува од пол позицијата откако на квалификациите имаше најдобро време. Ова за него ќе биде вкупно 44.та пол позиција во кариерата.

Во првиот ред до него ќе биде неговиот клупски колега Марк Вебер, додека трето време на квалификациите имаше Роман Грожан од Лотус. Нико Хулкенберг ќе стартува од четвртото место, што е ногова најдобра стартна позиција откако вози за Заубер. Луис Хамилтон од Мерцедес и Фернандо Алонсо од Ферари ќе бидат во третиот ред.

Стартот на трката за ГН на САД е во 20 часот.

Најчитани вести