Дидие Дешам верува дека неговите избраници се способни да направат пресврт против Украина

Селекторот на француските триколори, Дидие Дешам објаснува дека единствен начин за пресврт во ситуацијата наспроти Украина, во реванш натпреварот од баражот за Мундијалот 2014, ќе биде „да се одигра еден тотален меч со силно ангажирање и надвор од сите норми“, јави дописникот на МИА од Париз.

– Добивме една шлаканица, имаме можност за промена на тенденцијата, изјави селекторот на триколорите.

Според Дешам, шансата е тука и таа е реална, без разлика дали таа е мала, средна или голема.

– Не е едноставно, но треба да се започне натпреварот во тој дух. Техничкиот квалитет ја прави разликата, но ако нема интензитет во ангажирањето, тогаш е потешко техничкиот квалитет да надвладее. Потребно е да се одигра тотален меч со ангажирање, со напори, доде тој.

Селекторот истакна дека е потребна стрпливост и да не се тргне во слепо освојување на украинската тврдина, на која во сите квалификациски натпревари и беа забиени само четири голови.

Дешам е свесен дека времето не игра за нив, затоа тој смета дека Украинците треба да бидат ставени под притисок, а неговите избраници да бидат борбени. На крајот тој додава дека неговите играчи имаат капацитет да се револтираат.

За првиот натпревар загубен 2:0 во Киев, Дешам анализира дека Украинците одиграле еден натпревар на високо ниво, додека Французите обичен натпревар.

За францускиот селектор е важна самодовербата, прво неговата, а исто така и на фудбалерите.

– Потребно е да си ја ставиме во главата идејата дела е можно. Тоа бара многу работи, но тоа е можно. рече тој.

Франција беше фаворит за квалификациите во Бразил меѓу баражистите, а сега е аутсајдер, бидејќи статистиките не се на нејзина страна. Ретко која екипа успеала да ги помине баражите, ако при првиот натпревар била совладана со 2:0.

Најчитани вести