Промени во форматот на Европското првенство во кошарка

Кошаркарските европски првенства од 2017 година ќе се играат според нов формат. Промената ја донесе Бордот на ФИБА Европа на состанокот во Мадрид. Новиот систем на натпреварување подразбира промена во втората фаза од натпреварувањето.

Според новиот систем, по првата фаза веднаш ќе почнат елиминациски натпревари. Промените се направени бидејќи репрезентациите на претходните првенства со порази во втората фаза „ги бираа“ противниците за четвртфиналето, а со оваа промена ќе се намалат и деновите на траење на првенството, на што реагираа клубовите, играчите и тренерите.

Следното Европското првенство во Украина во 2015 година ќе се игра според се уште актуелниот систем.

Најчитани вести