Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти ги демантираше информациите објавени во шпанските медиуми дека е заинтересиран за Андреа Пирло, играчот од средниот ред на Јувентус.
– Иако Пирло сеуште е еден од најдобрите фудбалери за врска, сепак не се точни информациите дека Реал Мадрид ќе упати понуда за негов ангажман. Играчот на Јувентус не е дел од мојата визија за тоа како треба да изгледа Реал сега и во иднина, изјави Анчелоти.
Пирло има актуелен договор со Јувентус до крајот на сезонава, а интерес за него покажаа премиерлигашите Арсенал, Челзи, Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Останува да се види дали кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата, откако Анчелоти ја отфрли можноста да заигра во шпанскиот великан.
Италијанскиот стручњак додаде дека личните планови за иднината се поврзани со Реал, но како што рече, фудбалот е непредвидлив и никогаш не може со сигурност да се каже како ќе се одвиваат работите.


