Хрватската поп-пејачка Северина Вучковиќ одлучи уште еднаш да шокира јавноста. Овој пат, тоа не е текст на нејзина нова песна, туку провокативни фотографии за магазинот „ЕЛ“, кој ќе се појави во Хрватска за два дена.
Северина на фотографиите е сосема гола, а на главата носи круна на „Долче и Габана“ вредна десет илјади евра.
Како на оваа одлука ќе реагира нејзиниот невенчан сопруг Милан Поповиќ, со кого имаат нарушени односи, и дали тој ќе ја осуди нејзината одлука да позира гола останува да видиме. 


