Том Круз, Џон Траволта и Кели Престон беа вчера само некои од илјадниците гости на собирот на Саентолозите во Clearwater , Флорида, посветен на отворањето на нивната нова „катедрала“ во вредност од 145 милиони долари.

Најголемата зграда во центарот на Clearwater, со 35.000 квадратни метри, се градеше речиси 15 години, а нејзиното отворање значи дека Саентолозите сега за прв пат имаат место за практикување на „Super Power“ (Супер Моќ), развиена од страна на основачот на Саентологијата , Л. Рон Хабард, во 1970-тите .
Додека градот очекуваше 10.000 гости, толпата што се собраа пред зградата, таканаречена Знаме, беше видливо помала. Локалните медиуми велат дека биле помалку од шест илјади луѓе. Но, ексклузивната церемонија беше наменета за Саентолозите од „внатрешниот круг“.

По осмоминутниот говор на Саентолошкиот лидер David Miscavige , конфети се вивнаа во воздухот, а вратата на зградата се отворија.
Но, некои локални жители, кои не се членови на Саентолошката Црква, не се задоволни , бидејќи тие сметаат дека Саентолозите ќе го окупираат градот.
– Луѓето не сакаат да одат до центарот, бидејќи единственото нешто што може да се види е – еден куп на Саентолози – рече Deby Halvorsen (62).
Други не се согласуваат со тоа. Веруваат дека локалните ресторани ќе заработуваат добро од нив.
– Црквата ќе имаат главна улога во доведување на разни атракции и фестивали во градот и ќе заживее ноќниот живот. Саентолозите се секогаш добро облечени и изгледаат убаво, а мора и да јадат – заклучи еден жител на Clearwater.

Саентолошките дезертери објаснуваат зошто се градела катедралата толку многу години, со тоа што некои лидери се користеле со проектот за перење пари.
Локалните весници откриваат како црквата собрала 145 милиони долари, што е многу повеќе од она што беа првично проценетите трошоци на проектот – 100 милиони долари.
Новата зграда се состои од простории за духовни вежби, како и простории за посетители кои ќе учат за религијата. На вториот и третиот кат се канцеларии и училници, а во подрумот е голема кујна и трпезарија.

На горните катови постојат 300 мали соби за „религиозни советувања“ , кои по состанок чинат и до 1000 долари.
Но она што е најважно е на петтиот кат, во собата во која членовите за прв пат учествуваат во „Super Power“ програмата.
– „Super Power“ е одговор на болното, на умирање и мртво општество … Со тоа буквално ги оживуваме мртвите – ја објасни програмата портпаролот на Црквата, Ben Shaw.
Како дел од терапијата , членовите се вртат на антигравитациски симулатор, со цел да се подобри нивната перцепција, вид, мирис, вкус, циркулација и свест. Уште една интересна работа се наоѓа на шестиот кат од зградата – кружна патека за трчање, на која тие тртчаат додека не доживеат просветлување наречен „сознание“.







