Кошаркарите на Оклахома Сити, Кевин Дјурант и Расел Вестбрук уфрлија заедно 68 поени на ноќешниот дуел против Денвер за победа од 115:113 на нивната екипа.
Оклахома Сити одигра ефикасни први две четвртини со постигнати 63 поени, но малку недостасуваше Денвер да направи пресврт откако последниот период го доби со 32:21.
Дјурант дуелот го заврши со 38 поени, а Вестбрук со 30.
На другите дуели од НБА лигата одиграни ноќеска постигнати се следниве резултати: Бруклин – Портланд 98:108, Чикаго – Шарлот 86:81, Далас – Филаделфија 97:94, Јута – Голден Стејт 87:98 и Лос Анџелес Клиперс – Мемфис 102:106.
Вечерва Атланта на нашиот Перо Антиќ гостува кај шампионот Мајмаи, а покрај овој натпревар се играат уште дуелите: Вашингтон – Минесота, Детроит – Њујорк, Хјустон – Бостон и Сакраменто – Феникс.


