АБА лига: Црвена звезда победи во дербито и се искачи на врвот на табелата

Дерби натпреварот од 8.коло на Јадранската кошаркарска лига во кое се сретнаа градските ривали Партизан и Црвена звезда му припадна на „црвено – белите“ кои по продолжение од пет минути славеа победа со 86:83. Во основните 40 минути резултатот беше 73:73.

Ова беше прв пораз за Партизан на домашен терен или вкупно втор и сега има ист ефект како Црвена звезда и Цедевита, но на лидерското место се „црвено – белите“ поради подобрата кош-разлика.

Резултати на другите натпревари од 8.коло во АБА лигата: Задар – МЗТ Скопје Аеродром 72:70, Игокеа – Шолнок 72:58, Крка – Цибона 66:77, Цедевита – Раднички 79:71 и Мега Визура – Широки 82:73.

Натпреварот Будуќност – Олимпија 76:78 не е службено регистриран поради жалба на домаќините за постигнати победнички поени на противникот по истек на времето.

Табела: Црвена звезда 6-2 (победи-порази), Партизан 6-2, Цедевита 6-2, Цибона 5-3, Игокеа 5-3, Будуќност 5-2 (натпревар помалку), Мега Визура 4-4, МЗТ Скопје Аеродром 3-5,…

Најчитани вести