Борба за последните осум слободни места за Мундијалот во Бразил

По одигрувањето на реванш – натпреварите денеска и утре ќе бидат познати последните осум репрезентации кои ќе обезбедат учество на Светското фудбалско првенство во Бразил 2014 година.

Двојки за вечерва:

Романија – Грција (1:3 прв натпревар),
Хрватска – Исланд (0:0),
Шведска – Португалија (0:1),
Франција – Украина (0:2),
Египет – Гана (1:6),
Алжир – Буркина Фасо (2:3).

Утре се играат последните две бараж – пресметки:

Нов Зеланд – Мексико (1:5),
Уругвај – Јордан (5:0).

Пласман на Мундијалот веќе обезбедија 24 земји: домаќинот Бразил, Аргентина, Колумбија, Чиле, Еквадор, Хондурас, Костарика, САД, Холандија, Италија, Белгија, Швајцарија, Германија, Босна и Херцеговина, Русија, Англија, Шпанија, Нигерија, Брегот на Слоновата коска, Камерун, Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Иран.

Најчитани вести