Куманово и Кожув играат натпревари од БИБЛ лигата

Македонските претставници во балканското регионално кошаркарско натпреварување (БИБЛ) попладнево ќе одиграат нови натпревари. Куманово на домашен терен за противник ја има екипата на Балкан од Ботевград, додека Кожув патува во Тиват и ќе игра против Теодо. Во таборот на кумановчани се подготвени за новиот предизвик на домашен терен.

– Балкан е квалитетен состав, со неколку искусни играчи. Но, ние одиме на победа за да бидеме по неоптоварени во следниот дел од ова натпреварување. Се надевам дека ќе ја повториме играта од дуелот со Пеќ и да се радуваме на победа, што може да биде пресудна за исходот во БИБЛ лигата, истакна тренерот на Куманово, Горан Димитријевиќ, кој се надевав и на подршка од навивачите.

На клупата на екипата од Бугарија е македонецот Александар Тодоров, а оваа екипа единствената победа ја постигна на гости против Кожув во Гевгелија. Почетокот на натпреварот е во 17 часот и 30 минути.

Дуелот Теодо – Кожув во Тиват ќе стартува во 18 часот, а утре на програмата е и дуелот Галил Гилбоа – Левски.

Табела: Сигал Приштина 3-1 (победи-порази), Кожув 3-1, Левски 2-2, Крајова 2-2, Теодо 1-4, Куманово 2-1, Галил Гилбоа 2-0, Балкан 1-2, Пеќ 0-3.

Најчитани вести