Екипата на ЖРК Вардар СЦБТ имаше среќа во денешното излекување и за противници во Групата 1 од Лигата на Шампионките ги доби екипите на Митјиланд (Данска), Турингер (Германија) и Савехоф (Шведска). Одбегнати се најнепосакуваните Ѓер и Будуќност и сега останува на Вардарки да покажат дали можат да го повторат успехот на Кометал Ѓорче Петров можеби уште оваа година.
Прво коло: 01/02.02.2014 (Вардар – Турингер)
Второ коло: 08/09.02.2014 (Савехоф – Вардар)
Трето коло: 15/16.02.2014 (Вардар – Митјиланд)
Четврто коло: 01/02.03.2014 (Митјиланд – Вардар)
Петто коло: 08/09.03.2014 (Турингер – Вардар)
Шесто коло: 15/16.03.2014 (Вардар – Савехоф)


