Адриано Галијани ќе бара отштета од 50 милиони евра за да си замине од Милан. Откако ќерката на Силвио Берлускони, Барбара, го презеде раководењето со клубот на Милан, вториот човек на „Росонерите“ Галијани стана непожелен во клубот од Милано.

Сепак, Галијани кој во екипата на Милан дојде во далечната 1986 година и важи за главната алка во многубројните успеси на екипата во изминатиот период од 27 години, не планира лесно да се откаже од Милан.
Галијани планира „дебело„ да ја наплати својата верност кон Милан, но пред се, Силвио Берлускони, па затоа неговите адвокати побараа отштета од 50 милиони евра, за тој во јуни да го напушти „Сан Сиро’’.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Барбара Берлускони и нејзиниот тим на адвокати, веќе му понудиле на Галијани сума од 10 милиони евра.


