Босанскиoт портал МИКСЕР објави интервју со македонскиот новинар Зоран Божиновски, кој се наоѓа во притвор во Србија.
Ви ги пренесуваме целото интервју, кое Божиновски од притвор го има дадено за порталот Миксер.
Како се однесуваат кон вас во притворот, дали сте задоволни од бранителот по службена должност и имате ли некакви забелешки? Дали ќе ангажирате некој друг правен застапник?
– Задоволен сум како се однесуваат со мене овде… Условите не се баш најдобри, но немам поголеми забелешки. Го отпуштаме бранителот по службена должност. Ќе ме застапува адвокатот Горан Петроњевиќ.
Во еден текст за вас напишав дека сте балканскиот Џулијан Асанж, кој на црногорската мафија и дише во врат. Мислете ли дека позади ова апсење стои таа мафија?
– Сигурен сум и имам докази дека позади ова стои Цане Суботиќ и дека поводот е моето интервју кое го дадов за весникот IN4S plus.
Што мислете кој точно стои позади вашето апсење, дали тоа е спрега од криминалци и власти, која постои во секоја земја, кои на оние кои се обидуваат ја раскринкаат им „кинат глави“?
– Позади апсењето стои актуелната српска политика, која подмирува стари сметки кон Суботиќ, а тој е во најтесна врска со високи функционери на тајната полиција во Македонија.
Помеѓу останатото во обвинението против вас, освен шпионажа, се наведува дека се занимавате и со уцени. Кај ви се тие големи пари кога живеете под кирија?
– Никого никогаш не сум уценувал, за никого никогаш не сум шпионирал и имам докази за сè ова.
Запознаена сум дека одредени медиумски здруженија се заинтересирани за вашиот случај и дека внимателно ги пратат случувањата…
Од 1999 година до денес позади мене во сите неприлики кои ми се случуваа (апсења и атентати) стоеја: Стејт департментот, ЕУ, ОН, Хелсиншкиот комитет, Репортери без граници, светската новинарска организација, SEEMO , ИЦГО Македонија (Суад Мисини).
За порталот МИКСЕР интервјуто го направила Славица Јовановиќ.
За тоа кој е Зоран Божиновски можете да прочитате на следниов линк.


