Мексико го потврди пласманот на Мундијалот

Претпоследното слободно место за Светското фудбалско првенство 2014 го пополни селекцијата на Мексико откако утринава во реванш баражот, на гостувањето кај Нов Зеланд забележа победа со 4:2.

И пред почетокот на оваа средба немаше неизвесност околу вкупниот победник во оваа пресметка со оглед на високата победа од 5:1 што Мексиканците ја остварија на првиот дуел.

Мексико во реваншот поведе со 3:0 по само 33 минути игра со хет-трикот на Орибе Пералта, а стрелец на четвртиот погодок беше Карлос Алберто Пења во 87.минута. Головите за домаќинот ги постигнаа Крис Џејмс од пенал во 80.минута и Рори Фелон три минути подоцна.

Пласман на Мундијалот веќе обезбедија 31 земја: домаќинот Бразил, Аргентина, Колумбија, Чиле, Еквадор, Хондурас, Костарика, САД, Хондурас, Франција, Португалија, Грција, Хрватска, Холандија, Италија, Белгија, Швајцарија, Германија, Босна и Херцеговина, Русија, Англија, Шпанија, Нигерија, Брегот на Слоновата коска, Камерун, Гана, Австралија, Јапонија, Јужна Кореја, Алжир и Иран.

Речиси сигурно последниот патник за Бразил 2014 ќе биде Уругвај кој пред реванш-баражот со Јордан на домашен терен има предност од 5:0.

Најчитани вести