Михајловиќ ја напушти Србија и го прифати повикот од Сампдорија

Синиша Михјловиќ синоќа поднесе оставка на функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Србија и одлучи да го прифати предизвикот што го носи тренерското место во калчолигашот Сампдорија.

– Прифатив да бидам тренер на Сампдорија, а на одлуката да ја напуштам Србија влијаеше фактот што актуелното раководството на сојузот не можеше да ми гарантира дека и во иднина ќе остане на чело на организацијата. Сум кажал и порано дека ќе останам селектор само ако остане и сегашната структура затоа што на овие луѓе им верувам и не знам како би се однесувал со некои други кои би дошле на нивно место, изјави Михајловиќ.

Тој додаде дека селекторската функција ја напушта со чиста совест и високо крената глава и без замерка со било кого и не ја отфрли можноста во иднина повторно да седне на клупата на српската репрезентација.

Синиша Михајловиќ тренерската кариера ја започна како помошник во Интер во 2006 година, потоа ги предводеше Болоња, Катанија и Фиорентина.

Најчитани вести