Вестa за 5000 слободни работни места е зае**вање на народот во глава. Па ние имаме 350.000 невработени, а тие ни даваат шанса за непостоечки 1,4 проценти од нив!
Наместо властите да работат за овие 98,6 отсто и конечно да се разоткрие овој штабско – референдумско – роднински изрод од општество, во кое ниту има пазар, ниту држава, ниту има институции, ништо што го прави општеството нормално.
Штаб? Што е? Одиме во војна? Тоа е воен поим.
Нашата влада , нашите синдикати, нашите училишта, нашите судови … сите тие се штабови за борба против вработување. Тие не дозволуваат вработување. Тоа се штабови за одбрана на народот од модернизација.
Сите ја свртеа поворката на овој народ, на кој му ја ветија Европската унија, модерна и паметна земја, ја свртеа таа поворка во една споредна уличка и таму ја блокираа.
Тоа е важно, а не овие лакрдии. 5000 слободни работни места! Идиотски! А овие 345.000 нека гнијат на завод!


