Екипите на Металург, Тетекс и на Брегалница обезбедија пласман во полуфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија откако попладнево во реванш-четвртфиналните средби забележаа резултати доволни за елиминација на своите противници.
Металург по вторпат беше поуспешен од Дрита и со вкупен резултат од 10:1 оди меѓу четирите најдобри.
Второлигашот Тетекс во Кичево беше поуспешен од прволигашот Напредок. Тетовчани без предност од првата средба отпатуваа на денешното гостување, но успеаја да победат и да останат во битката за одбрана на трофејот освоен минатата сезона.
Брегалница со нерешениот исход во Тетово е вкупен победник против фаворизираната Шкендија, поради победата на својот терен во Штип.
Резултати на денешните натпревари од куп-натпреварувањето:
Шкендија – Брегалница 1:1 (1:2 прв натпревар),
Металург – Дрита 7:1 (3:0),
Напредок – Тетекс 1:2 (0:0).
Четвртфиналниот круг од националниот куп ќе биде комплетиран на 4 декември по одигрувањето на реваншот меѓу Работнички и Пелистер. На првиот дуел одигран во Битола победи Пелистер со 1:0.


