SEHA: Седма победа на Вардар

Ракометарите од редовите на ВАрдар го совладаа тимот на Партизан со резултат од 27:28 (15:16) и ја освоија седмата победа во СЕХА Гаспром Јужен Тек лигата.

Најефикасен во тимот на Вардар беше Карачиќ со 6 погодоци, додека Марковиќ постигна 5. Одличен натпревар одигра и Малумбрес, со 12 одбранети удари. Во поразената екипа најпрецизен беше Радовановиќ со 6 голови.

Победата над Партизан го одржува Вардар во лидерското трио во СЕХА лигата, со 22 бода, зад Татран со 27, и Загреб со 24 бодови односно 7 повеќе од градскиот ривал Металург со кој ги очекува, како што ЕХФ го нарече ’дерби на колото’ за 4 дена.

Најчитани вести