Репрезентацијата на Уругвај е последната која избори учество на Светското првенство во Бразил што ќе се одржи следната година. Во реванш баражот ноќеска со Јордан, Уругвај на домашен терен одигра нерешено 0:0, но благодарение на победата од 5:0 на првиот натпревар Уругвајците се пласираа на Мундијалот. За Уругвај ова ќе биде 12.то учество на Светските првенства, имаат и две титули шампиони (1930 и 1950 година). На последниот Мундијал беа полуфиналисти.
По ова познати се сите 32 репрезентации, кои ќе играат на Светското првенство (12.јуни – 13.јули 2014). По квалификациони зони ова се репрезентациите учеснички: Азија – Австралија, Иран, Јапонија, Јужна Кореја. Африка – Алжир, Камерун, Гана, Брегот на Слоновата коска, Нигерија.
Северна и Средна Америка – Костарика, Хондурас, Мексико, САД.
Јужна Америка – Бразил (домаќин), Аргентина, Чиле, Колумбија, Еквадор, Уругвај.
Европа – Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Англија, Франција, Германија, Грција, Италија, Холандија, Португалија, Русија, Шпанија и Швајцарија.
Извлекувањето на групите ќе се одржи на 6. декември во Мата Де Сан Жоао.


