Три натпревари од 6. коло на ракометната Лига на шампиони

На програмата од 6. коло на ракометната Лига на шампиони за мажи вечерва се три натпревари. Најголемо внимание привлекува германската пресметка меѓу Флензбург – Хамбург (Д група). Покрај овој, се играат уште и дуелите Висла – Порто (Б група) и Санкт Петербург – Мотор Запорожје (А група).

Во првиот натпревар од оваа рунда вчера германскиот првак Кил го победи француски Данкерк со 28:25 и е на чекор до пласман во ТОП 16 фазата. Другите натпревари од 6.коло се играат во текот на викендот, а за нас најинтересен ќе биде натпреварот на македонските екипи Вардар – Металург што се игра во недела.

Распоред на двојките и табелите:

Ц група: Вардар – Металург, Барселона – Динамо Минск, ПСЖ – Вакер Тун.
Табела: Барселона 9 бодови, Вардар 6, Металург 6, ПСЖ 5, Динамо Минск 4, Вакер Тун 0.

А група: Санкт Петербург – Мотор Запорожје, Загреб КО – Рајн Некар Ловен, Веспрем – Цеље.
Табела: Веспрем 10, Рајн Некар Ловен 7, Мотор 5, Цеље 4, Загреб КО 4, Санкт Петербург 0.

Б група: Кил – Данкерк 28:25, Висла – Порто, Киелце – Колдинг.
Табела: Кил 10, Киелце 8, Колдинг 8, Висла 4, Порто 2, Данкерк 0.

Д група: Флензбург – Хамбург, Горење – Ла Риоха и Алборг – Халмштад.
Табела: Хамбург 10, Флензбург 7, Алборг 6, Ла Риоха 4, Горење 2, Халмштад 1.

Најчитани вести