Михајловиќ претставен како тренер на Сампдорија

Досегашниот селектор на фудбалската репрезентација на Србија Синиша Михајловиќ денеска е претставен како нов тренер на калчолигашот Сампдорија.

Михајловиќ истакна дека негова главна задача ќе биде опстанок во Серија А. Сампдорија со девет бодови се наоѓа на 18.место на табелата од 20 екипи.

– Се чуствувам како дома. Шампионатот во Серија А е поделен на два дела, едни се борат за место во Европа, а другите за опстанок. Дојдов да ја спасам Сампдорија од испаѓање и убеден сум дека можам тоа да го напаравам, изјави на прес-конференцијата Михајловиќ.

Михајловиќ со Сампдорија има договор на шест месеци. Во овој клуб како играч Михајловиќ настапуваше четири години (1994 – 1998 година) и одигра 110 натпревари и постигна 12 гола. Дебито на клупата на Сампдорија ќе го има в недела против Лацио, екипа за која истотака настапуваше.

Најчитани вести