Будимпешта домаќин на првиот женски „фајнл-фор“ турнир во Лигата на шампионите

Главниот град на Унгарија Будимпешта ќе биде домаќин на завршниот турнир во женската ракометна Лига на шампионите објави Европската ракометна федерација (ЕХФ).

На завршницата ќе настапат двете првопласирани екипи од двете групи. Натпреварите ќе се играат во „Спортарена“, сала која има капацитет од 12.500 седишта. Полуфиналните дуели се планирани за 3.мај 2014 година, а дуелот за 3.место и финалето ќе се одиграат на 4.мај.

Во конкуренција за организација на завршниот турнир беше и Љубљана со салата „Стожице“.

Екипите полуфиналисти ќе бидат познати по одигрувањето на натпреварите од „главната фаза“ што се играат од 1.февруари до 16.март 2014 година.

Во групата 1 заедно со македонскиот првак Вардар СЦБТ играат екипите: Митјиланд, Турингер и Савехоф, додека во групата 2 за двете први места ќе се борат: Ѓер (европски првак), Крим, Будуќност и Ларвик.

Најчитани вести