Во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА, ноќеска на програмата беа два натпревара во кои победи забележаа екипите домаќини. Оклахома Сити со 105:91 го совлада Лос Анџелес Клиперс добивајќи ги сите четвртини (28:22, 23:21, 30:29 и 24:19). Ова беше осма победа за Оклахома, а петти пораз за ЛА Клиперс.
И Денвер ја искористи предноста што ја носи домашниот терен на дуелот против Чикаго. Победникот на овој дуел беше решен во третиот период во кој „Нагетс“ постигнаа 20, а примија само 14 поени. Конечниот резултат е 97:87. Дерек Роуз од Чикаго имаше 19 реализации и беше најефикасен на теренот, но тоа не му помогна на Чикаго да го избегне четвртиот сезонски пораз.
Вечерва играат: ЛА Лејкерс – Голден Стејт, Портланд – Чикаго, Далас – Јута, Њу Орлеанс – Кливленд, Минесота – Бруклин, Мемфис – Сан Антонио, Детроит – Атланта, Бостон – Индијана, Торонто – Вашингтон, Филаделфија – Милвоки и Шарлот – Феникс.
Табела Источна конеференција: Индијана 10-1 (победи-порази), Мајами 9-3, Чикаго 6-4, Атланта 7-5, Шарлот 6-6,…
Табела Западна конференција: Сан Антонио 10-1, Портланд 10-2, Оклахома Сити 8-3, Голден Стејт 8-4, Далас 8-4,…


