Со натпреварот во Струмица меѓу истоимената домашна екипа и Вардар Апаве попладнево од 17 часот и 30 минути ќе започне 8.коло во Првата кошаркарска лига на Македонија. Другите три дуели од оваа рунда ќе се одиграат утре. Двојките се: Карпош Соколи – Фени Индустри, Лирија – Куманово и Кожув – Работнички.
Слободна во ова коло е екипата на Пелистер Спорт која во средата надвор од конкуренција ја победи младинската селекција на Македонија со 71:62.
Табела: Работнички 6-0 (победи-порази), Лирија 5-1, Кожув 5-1, Куманово 5-1, Струмица 3-3, Вардар Апаве 2-5, Карпош Соколи 1-5, Фени Индустри 1-5 и Пелистер Спорт 0-7.


